Аталанта освои важни бодови во борбата за ЛШ, Фросиноне испадна

ANSA/GIUSEPPE LAMI

Во средбата од 35-то коло од италијанското фудбалско првенство Аталанта во Рим го совлада Лацио со 3:1 освојувајќи три важни бодови во борбата за настап во Лигата на шампионите следната сезона, додека Фросиноне одигрувајќи 2:2 на гостувањето кај Сасуоло остана без шанси да го зачува прволигашкиот статус.

Аталанта со оваа победа се зацврсто со 62 бода се зацврсти на четвртото место на табелата, последното кое води во Лигата на шампионите, четири повеќе од петтата Рома која има и меч помалку.

Лацио поведе веќе во третата минута со голот на Марко Пароло, но гостите во продолжението од мечот направија пресврт со три гола. Израмни Даниеле Запата во 22 минута, на 2:1 зголеми Тимоти Кастање, а сите дилеми околу победникот ги реше Валас во 76 минута постигнувајќи автогол по нафрлување од корнер.

Двата клуба ќе се сретнат и на 15-ти мај кога повторно на римски „Олимпико“ ќе играат во финалето од италијанскиот Куп.

Најефикаснкиот натпревар во неделата го одиграа Парма и Сампдорија ремизирајќи со резултат 3:3. Стрелци за Парма, којашто со овој бод е на 8 бода повеќе од местата кои водат во Серија Б, ги постигнаа Марчело Гаѕола во 23, Јурај Куцка во 67 минута од пенал и Алесандро Бастони во 71 минута, а за гостите стрелци беа Фабио Кваљарела од пенал во 28 а погоди и во 61 и Грегоар Дефрел во 38 минута.

Двата тима мечот го завршија со играч помалку. Кај Самдпорија во 88 минута црвен картон доби Омар Колеи, а кај Парма две минути подоца стрелецот Куцка.

Самдорија е 9-та со 49 бодови, а Парма е 14-та со 38 бодови, и двата клуба се далеку од опасната зона.

По ова коло познат е и вториот патник во Серија Б. На Киево му се придружи Фросиноне кое одигра 2:2 кај Сасуоло, иако на полувремето имаше водство од 2:0. Фросиноне поведе со головите на Паоло Самарко во 8 и Лука ПАганини во 36 минута, а домашните во второто полувреме израмнија со головаите на Фанмарко Ферари во 66 и Џереми Бог во 77 минута.

Фросиноне сега има 10 бодови помалку од зоната на спасот, а до крајот на сезоната има уште тре меча. Саусоло е точно на средина од табелата со 42 бода.

За разлика од Фросиноне, Емполи си ги продолжи надежите за зачувување на прволигашкиот статус во тосканското дерби против Фиорентина со 1:0. Решавачкиот погодок го постигна Диего Фариас во 54 минута. Емполи и натаму со 32 бода е на 18 место, кои води во Серија Б, но зад Удинезе кое е на 17-та позиција, сега заостанува само два бода, а Џенова на Горан Пандев има 35 бодови. Фиорентина остана на 13-то место со 40 бодови.

Вечерва играат Џенова – Рома и Наполи – Калјари, а во понеделник Милан – Наполи.