Аталанта подобра на гостувањето кај Торино

26 September 2020. ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Аталанта во првиот натпревар од второто коло од италијанското првенство, како гости го совладаа Торино со 4:2 (3:1).

Торино поведе преку својот капитен Андреа Белоти во 12 минута, но Аталанта многу брзо направи пресврт со головите на Алехандро Гомез во 14 и на Луис Муриел во 22 минута. Во 43 минута Ханс Хатебоер го зголеми водството на гостите на 3:1, но веќе во следната минута Белоти со својот втор погодок на мечот ги врати надежите на домашните.

Во продолжението беше постигнат само еден погодок, во 54 минута Матен де Роон, со кој тимот од Бергамо повторно создаде два гола предност која до крајот на мечот можеше да расте но неговите напаѓачи не беа прецизни.

Ова беше првиот натпревар на Аталанта во новата сезона во Серија А, додека Торино и по вториот меч остана без бодови.