Аталанта подобра од Специја, Лацио во финишот го доби фенерџијата

Atalanta BC vs Spezia Calcio at the Gewiss Stadium in Bergamo, Italy, 12 March 2021. ANSA/PAOLO MAGNI

Во првите два натпревара од 27-ти коло на италијанската Серија А одиграни во петокот важни доапни победи во трката за висок пласман остварија Лацио и Аталанта.

Лацио и во дуелот со убедливо најслабата екипа сезонава во лигата Кротоне покажа дека е во криза. Римјаните водеа со 1:0 и 2:1, но гостите успеаја двапати да израмнат, но не и третиот пат кога за изненадување им остана малку време.

За Лацио стрелци беа Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 14, Луис Алебрто во 39 и Фелипе Каиседо во 84 минута, додека за Кротоне двоен стрелец беше Симеон Нвакво во 29 и во 50 минута од пенал.

Лацио е безбеден на седмото место со 46 бодови, но сега заостанува за бод со меч помалку од шестопласираниот Наполи и четири од градскиот ривал Рома која е на петтото место кое е последното кое води директно во Лига Европа. Кротоне е последен 20-ти со 15 бодови, седум помалку од зоната на опстанок.

 

Во вториот петочен дуел Аталанта со 3:1 беше подобра од Специја. Двоен стрелец за тимот од Бергамо беше хрватскиот интернационалец Марио Пашалиќ во 53 и 72, а уште еднаш меѓу стрелците се впиша и Луис Фернандо Муриел Фруто во 55 минута. За гостите погоди Роберто Пиколи во 81 минута.

Аталанта со 52 бодови сега ја презема четвртата позиција од Рома која има 50 бодови со меч помалку. Специја со 26 бодови ќе остане и по завршувањето на колото на 16-то место, со шест бодови повеќе од зоната на испаѓање

 

На врвот на табелата е Интер со 62 бодови, а го следи градскиот ривал Милан кој има 56 бодови, а третопласиран е бранителот на титулата Јувентис кој ома 52 бодови од 25 кола.