Аталанта постигна четири гола во првите 15 минути

Фудбалерите на Аталантат славеа во меч од 30-то коло во Бергамо против Болоња со 4:1 и се приближија на само еден бод зад четвртопласираниот Милан.

„Блиц-кригот“ на Аталанта го започна Јосип Иличич кој погоди во 4 и во 6 минута, а потоа во 10 гол постигна Ханс Хатебоер а во 16 Дуван Запата. Голот за Болоња го постигна Рикардо Орсолини во 66 минута.

Аталанта со новиот успех стаса 51 бод и се зацврсти на петтата позиција, сега со еден бод помалку од четвртиот Милан кој го држи последното место кое води во Лигата на шампионите. Болоња, остана на 27 бодови со кои е на 18-то место кое води во разигрување за опстанок во Серија А, бод односно два помалку за Емполи и Удинезе кои се на позициите кои го гарантираат опстанокот, а седум повеќе од Фросиноне на 19-то место од кое сигруно се напушта друштвото на најдобрите.

Во претходно одиграниот меч во четвртокот Сасусоло дома го победи отпишаниот Киево со само 11 бодови, со 4:0. И на овој меч првите два гола гио постигна ист играч, во случајов Мерих Демирел, во 5 и 45 минута, а потоа во 48 минута погодок постигна Мануел Локатели, а конечниот резултат го постигна Доменико Берарди во 58 минута. Сасуоло е безбеден на 11-то место со 35 бодови.