Аталанта убедлива дома, Лајпциг славеше во Лондон

32

Фудбалерите на Аталанта и РБ Лајпциг остварија вредни победи во првите дуели од осминафиналето на фудбалската Лига на шампионите во средата, победувајќи ги Валенсија со 4:1, односно Тотенхем со 1:0.

Аталанта, чиј дом е Бергамо а своите европски натпревари сезонава ги игра на милански „Сан Сиро“, ја оствари убедливата победа со двата погодока на Ханс Хатеборер во 16 и 62, Јосип Иличич во 42 и Ремо Фрејлер во 57 минута, додека голот за гостите го постигна Денис Черишев бо 66 минута.

Аталанта стана едно од најпријатните изненадувања во фазата по групи, откако по првите четири меча од Групата Ц освои само еден бод со гол-разлика 3:12, а во последните две кола оствари две победи и дојде до второто место зад Манчестер Сити. Така победничката серија ја продолжи и против Валенсија, во натпревари во кој можеше да оствари и поубедлива победа.

Италијанскиот состав можеше да дојде во водство веќе во 8 минута, откако Пашалиќ излезе сам пред Хаиме Доменех, но Хрватот со слаб удар му овозможи на шпанскиот голман да ја сочува својата мрежа. Но по осум минути Аталанта дојде во водство, кога Папу Гомез нафрли во средината каде Хатебоер беше најснаодлив за 1:0. Валенсија можеше да израмни во 30 минута, но Феран Торес ја погоди стативата. Подобрата игра на домашните Иличич го реализираше во 42 минута.

Во 57 минута Аталанта направи исчекор кон следното коло со убавиот гол од 16-ина метри на Фејлер, а до убедливо водство од 4:0 стаса веќе во 63 минтуа со вториот гол на мечот на Хатебоер. Во 66 минута, само по две минути откако влезе во игра, Денис Черишев намали на 1:4, а Русинот во 70 минута можеше да постигне уште еден погодок, но Перлуиџи Колини го одбрани неговиот удар.

Во вториот натпревар вечерва РБ Лајпциг го победи десеткуваниот Тотенхем со 1:0, а решавачкиот погодок го постигна Тимо Вернер од пенал во 58 минута.

Ова беше дуел меѓу Жозе Мурињо и „бејби Мурињо“, како што го нарекуввваат младиот германски фудбалски стручњак Јулијан Нагелсман, а Португалецот може да биде среќен зашто неговиот тим и добро мина.

Германците одлично го почнаа дуелот, создавајќи во првите две минути три големи шанси и притоа ја погодија стативата. По 30-ина секунди шутираше Патрик Шик, но покрај голот, минута подоцна во еден напад Лајпциг имаше две можности. Но Уго Љорис ја сочува својата мрежа, одбранувајќи ги ударите на Тимо Вернер, а потоа и на Ангелино скршнувајќи го во стативата. Гостите во првото полувреме имаа уште неколку шанси затоврајќи го овој дел со 13 удари, додека Тотенхем имаше само една шанса, во 8 минута кога шутираше Стивен Бергвијн но Петер Гулаши одбрани.

Сепак во 57 минута Лајпциг сосема заслужено поведе, а пеналот го резлизираше Вернер, откако Дејвис го собори Лаимер. Во 63 минута Шик имаше стопроцентна шанса да го удвои водството на гостите, но Љорис повторно беше одличен. Тотенхем најблиску до израмнување беше во 73 минута кога Ло Селсо одлично изведе слободен удар, но гостинскиот голман ја сврти топката во стативат.

За Тотенхем ова е четвртиот настап во осминафиналето на Лигата на шампионите, а досега двапати минале натаму. За Лајпциг ова е трет настап во европските купови. Минатата сезона испадна во фазата по групи во Европската лига, а година претходно во истиот куп беше во четвртфиналето беше елиминиран од Марсеј.

Во вторникот Атлетико Мадрид го победи актуелниот европски шампион Ливерпул со 1:0, а Борусија Дортмунд со 2:1 го победи ПСЖ.

Следниот вторник играат Наполи – Барселона и Челзи – Баерн, а во среда Лион – Јувентус и Реал Мадрид – Манчестер Сити.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.