Би ги истакнал проектите како, мој инкасатор, каде корисниците можат во секое време преку нашата веб страна https://www.vodovod-skopje.com.mk/да повикаат инкасатор да им го прочита водомерот, потоа плати брзо, доставување на состојба на водомер, каде граѓаните можат да го сликаат својот водомер и да ни ја испратат состојбата електронски, воведовме конечно нови униформи за инкасаторите и ги унифициравме истите. Целта ни беше граѓаните полесно да ги препознаваат вработените, а посебно инкасаторите на ЈП Водовод и канализација – Скопје. Потребата од униформирањето на вработените на Водовод произлезе од една страна инкасаторите полесно да си ја вршат својата работа, бидејќи некогаш граѓаните не ги пуштаат во своите домови или не им отвараат врата, поради страв дека можеби се работи за некое лице, кое се преставува како инкасатор и од друга страна сакавме вработените на Водовод да имаат лесно препознатливи и квалитетни униформи, бидејќи тие се лицето на нашето претпријатие и го имаат првиот контакт со корисниците. Потоа воведовме дополнителни контроли, преку кои откривме многу физички, а поготово правни субјекти, кои континуирано со години правеле штета на нашето претпријатие и Градот Скопје, со тоа што ја злоупотребувале водата, потоа направивме акции за поставување на водомери со далечинско отчитување во повеќе населби низ Скопје.
Многу се инвестирало во реконструкција и изградба на водоводна и канализациона мрежа, во таа насока Атанасов истакна:
Имавме рекорден број на реконструирани и новоизведени мрежи и тоа близу 20 километри, со вредност од 180.000.000 денари со наши сопствени екипи, за разлика во 2014-та година на пример кога имало 53.000.000 денари или 2013-та 75.000.000 денари, го обновивме возниот парк, набавивме дополнителни возила и механизација како подршка за нашите екипи итн, истакнува Атанасов.
Атанасов истакнува дека проектите продолжуваат и во 2017 година.
Во текот на 2017 година се планира да бидат реконструирани 10 километри азбест- цементни и поцинковани цевки од постојната водоводна дистрибутивна мрежа со вкупна проценета вредност од 120.000.000,00 мкд.
Ќе се спроведе и реконструкција и санација на шахти од водоводниот систем и антикорозивна заштита на цевки, затворачи и фасонски делови 6.000.000,00 мкд.