Атанасов: СДСМ го партизираше и „Танец“

Со партизирањето на професионалниот Национален ансамбал за народни песни и игри „Танец“ каде што за директор е поставен човек со завршено средно градежно образование, како и со другите вакви потези, СДСМ врши вистински масакр врз културата и културните установи во земјата, обвини во средата
Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кој е квалитетот на Стојанче Павловски за да биде поставен за прв човек на Националниот ансамбл за народни песни и игри ’Танец’? Која е програмата со којашто Стојанче Павловски се издвоил од другите кандидати за директор на ’Танец’? Која е неговата визија за ансамблот? Која е дополнителната вредност на Павловски кој има завршено средно градежно за да биде поставен на ваква функција?“, запраша Атанасов пред Министерството за култура ги постави

Атанасов пред новинарите го постави прашањата во што Сојанче Павловски е подобар од Зоран Џорлев, познат македонски виолинист, изведувач и професор кој досега ја вршеше функцијата директор на „Танец“.

„СДС молчи затоа што нема одговор на овие прашања. Одговорот на овие прашања е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. ВМРО-ДПМНЕ поставуваше искусни и компетентни кадри, со визија и со знаење како да ги реализираат проектите, а СДС поставува неспособни партиски послушници кои не можат да придонесат за државата и граѓаните и чие именување се врши само од една причина. Со народни пари да се задоволуваат апетитите на партиските послушници. Алаѓозовски и СДС се варвари на културата. СДС врши вистински масакар врз културата и културните установи. СДС го партизира и депрофесионализира најголемиот репрезент на македонската култура во светот, Националниот ансамбл за народни песни и игри ’Танец’“, истакна Атанасов.

Посочи дека со поставувањето на Павловски, човек со завршено средно градежно образование за директор на „Танец“, СДСМ покажува дека унапредувањето и развојот на културата не им се приоритет, туку на културaта гледаат како на уште едно министерство кое треба да се наполни со, како што рече, партиски потрчковци и целосно да се партизира.

„Со поставувањето на партискиот послушник Павловски за прв човек на ’Танец’, СДС покажува дека не се колеба во целосната партизација на општеството. СДС врши вистинска деструкција на Националниот ансамбл ’Танец’ што ќе има несогледливи последици по репутацијата на истиот низ светот, но и понатамошниот опстанок на истиот. Алаѓозовски и СДС ја потценуваат оваа установа која е најголем промотор на македонската култура повеќе од шест децении, која има одржано повеќе од 4.500 концерти пред околу осум милиони гледачи“, потсети Атанасов

Според него, СДСМ поради безобразниот и игнорантски однос жестоко ќе бидат казнети на претстојните локални избори.