Атанасов: СДСМ направи катастрофална грешка на локалните избори се определи за кандидати кои лошо котираат, а Димитриевски не го поддржа

Со Максим Димитриевски се познавам повеќе од осум години, не знам како СДСМ направи така катастрофална грешка. Кај Максим беше јасно дека високо котира, а СДСМ кандидираше некои кои лошо котираа, рече универзитетскиот професор Петар Атанасов и поранешен заменик министер за образование од редовите на СДСМ.

Според него народот мора да излезе и да гласа за да имаме јасна ситуација.

„Народот треба да се охрабри кога има избори да излезе и да гласа, не може со бојкотирање и негласање да се менуваат работите на подобри“, рече Атанасов.

Овој резултат на локалните избори, рече Атанасов, веројатно беше казна за лошите политики на СДСМ.

„Ова сега беше казна за СДСМ“, посочи Атанасов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.