Атанасов: Зошто МОН нема пари за реконструкција на Гимназијата во Тетово?

Денеска дојдовме овдека да дадеме поддршка на овие млади луѓе и да апелираме до надлежните институции, до органите на државата да го решат проблемот, затоа што ова не е достоинствен пристап на решавање на судбината на овие млади луѓе.Општина Тетово, Министерството за труд, Министерството за транспорт и врски, и Министерството за образование, да го решат овој проблем, затоа што овие деца не можат своето образование да го стекнуваат на овој плоштад, истакна Петар Атанасов, претседател на Комисија за образование на СДСМ.

Во продолжение интегрално соопштението од Атанасов:

Да го потсетам заменикот министерот за образование Спиро Ристовски, дека во буџетот на Министеството за образование, за оваа година има 400 илјади евра за реконструкција на средните училишта. Го прашуваме каде ги потроши овие пари, зошто нема пари за реконструкција на Гимназијата во Тетово.

Ние даваме поддршка на соживотот во Република Македонија. Македонија за нас треба да биде едно општество, да се разбереме, да може да го градиме заедно општеството, секако мултикултирализмот да се збогатува, но преку почитување, заеднички јазик. Не можеме повеќе да ги двоиме децата, во Македонија нема место за нови граници, мора да работиме заедно, јазичните политики, образовните политики, треба да се во функција на општествениот развој.

Затоа овој проблем треба да го решат институциите, а да не си играат со младиве деца.

Ние даваме поддршка и уште еднаш кажуваме дека Минстерството за образование и општина Тетово, мора овој случај веднаш да го решат.