Атанасовска со историски успех за скијањето во Македонија!

Младата македонска скијачка Јана Атанасовска оствари најдобар резултат во историјата на македонското женско скијање.

Таа во својата деби сезона во сениорска конкуренција на ФИС трката во слалом во Словенија освои одлични 75,95 точки.

На трката во Рогла го освои 17. место со заостанување од 5,66 секунди зад победничката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.