Атентатот на Вучиќ бил планиран долго и детално, Брнабиќ откри како планирале да го убијат српскиот претседател

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ вчера изјави дека убиството на претседателот на Србија, Александар Вучиќ било планирано, а обвинувањата за прислушување на Вучиќ и аферата „Јовањица“ се обиди за државен удар.

Тоа е планирано долго и детално, формирани се паралелни структури во МВР и се водат кампањи во тајкунските медиуми, кои ги пренесуваа медиумите во регионот, за дехуманизација на Вучиќ и од него и неговото семејство да ги презентираат како криминален клан, изјави Брнабиќ за ТВ Пинк.

Таа рече дека атентатот врз Вучиќ бил планиран на откривањето на Споменикот на Стефан Немања во Белград, на 27 јануари годинава, но таа не изнесе детали и зошто обвинителството не поведе постапка против одговорните.

Да го застрелаа Вучиќ, ќе направеа наратив дека тоа е природно: Кој знае во што се вмешани тој и неговото семејство. Имаше многу работи во МВР. Монструозно е колку добро таа мрежа беше поврзана, посочи Брнабиќ.

Таа нагласи дека надлежните служби се занимаваат со тие случаи и дека нема да бидат заштитени без разлика на „име и презиме, функција и партиска припадност“.

Знам дека Српската напредна странка е единствената партија во историјата на Србија која рече дека сите се третирани еднакво и дека нема заштитени партии, рече Брнабиќ.

Брнабиќ рече дека Вучиќ бил под притисок од напади врз неговиот син Данило, бидејќи не можат да го обвинуват за ништо поврзано со економски и политички прашања.

Знаете која е неговата слаба точка и почнувате да го удирате Данило без пардон. Вие криминализирате млад човек, тој постојано е на насловните страници на тајкунските дневни весници и неделници, додаде Брнабиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.