Атиџе Муратова се онествести на „Денови на макеоднскиот мед“ во Скопје: „Од нигде-никаде ми се слоши, паднав и малку со главата се удрив“

Атиџе Муратова, хероината на македонскиот документарен филм „Медена земја“, денеска во Скопје на улица Македонија присуствуваше на отворањето на настанот „Денови на македонскиот мед“, но во еден момент се онесвестила.

Веднаш по несаканиот настан била повикана и брза помош.

Инаку, ситуацијата се случила за време на говорот на присутните функционери од власта и од општината.

Муратова моментално е во добра здравствена состојба, а по пружената здравствена помош заминала кај пријателите.

Атиџе, за „ММС.мк“ ја кажала причината поради што ѝ се слошило:

„Не почувствував ништо претходно. Да почувствував ќе се придржев за нешто. Но, така од нигде-никаде ми се слоши, паднав и со главата малку се удрив. Немам никакви здравствени проблеми, освен што слабо јадев затоа што немав апетит, бидејќи многу се нервирав“, изјавила Атиџе за „MMС.мк“.

„Им благодарам на сите што ми помогнаа, на лекарите и министерот. Дојдоа лекарите, ме прегледаа, немав проблеми со притисокот, немав проблеми со шеќерот, освен што бев гладна. Сега сè е во ред, добро се чувствувам. Кај пријател сум на гости, јадев, пиев вода и добро сум“, изјавила Атиџе.