Атина: Протест на солидарноста поради смртта на Беркин Елван

Во грчката престолнина Атина, вчера вечерта се одржа протест на солидарноста по смртта на 15-годишниот Беркин Елван, кој беше ранет од турските полицајци за време на антивладините протести во Турција во јуни минатата година, пренесе „АФП“.

Елван беше ранет од граната со солзавец, која го погодила додека одел до продавница да купи леб. По неколку месеци во кома, оваа недела момчето почина.

Смртта на тинејџерот предизвика нови протести и демонстрации во голем број градови во Турција.