Атланта и Њу Орлеанс ги пополнија последните места за плеј-офот во НБА (ВИДЕО)

Познати се сите двојки за плеј-оф дуелите во НБА лигата, по завршувањето на плеј-ин натпреварите.

Атланта славеше против Кливленд со 107-101 и е последниот член во разигрувањето во Источната конференција.

Најдобар поединеци во победата на Атланта беше Треј Јанг со 38 поени и девет асистенции, а Бојан Богдановиќ дополни со 19 поени.

За последното место во плеј-офот во Западната конференција се бореа ЛА Клиперс и Њу Орлеанс, а на крај славеше Њу Орлеанс со 105-101. Пеликанс до победата беа предводени од Брендон Инграм со 30 поени, а Пол Џорџ и Маркус Морис со по 27 поени се истакнаа кај гостинската екипа.

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

(1) Мајами – (8) Атланта

(2) Бостон – (7) Бруклин

(3) Милвоки – (6) Чикаго

(4) Филаделфија – (5) Торонто

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

(1) Феникс – (8) Њу Орлеанс

(2) Мемфис – (7) Минесота

(3) Голден стејт – (6) Денвер

(4) Далас – (5) Јута