Атлетик го прегази на гости Кадиз

Во понеделникот вечерта во последнито натпревар од 23-то коло на шпанското фудбалско првенство Атлетик Билбао на гостувањето кај Кадиз беше убедлив победувајќи со 4:0.

Гостите веќе по половина час водеа со 3:0, а потоа рутински го приведоа натпреварот кон крајот.

Головите за баскискиот тим ги постигнаа Алеск Беренгуер во 5 и во 29 минута, Унаи Лопез во 15 и Инаки Вилиомс во 53 минута.

Атлетик сега е 10-ти со 28 бодови, а Кадиз кој го впиша и четвртиот последователен пораз се наоѓа на 15-то место со четири бодови помалки.

Во Примера во водство е Атлетико Мадрид со 54 бодови, пет повеќе од второпласираниот Реал Мадрид и осум од третата Барселона, од кои има и два односно меч помалку.