Атлетик го сомеле Хетафе

Во последниот меч од 20-то коло на шпанското фудбалско првенство во понеделникот вечерта, Атлетик Билбао со 5:1 го деклаираше Хетафе.

Иронично, тимот од мадридското предградие поведе уште во првата минута од натпреварот со голот на Марк Кукуреља, но потоа прими пет погодоци.

Баските успеаја релативно брзо да израмнат, со голот на Раул Гарсија во 12 минута, па на полувремето се замина без предност за некој од противниците. Сепак, во вториот дел Атлетик целосно го надигра противникоти со погодоците на Јерај Алварез во 50, на Раул Гарсија во 61, Алехандро Беренгуер Ремиро во 75 и Оскар де Маркос во 82 минута да дојде до високата победа.

Атлетик со победата се искачи на деветтото место со 24 бодови од 19 натпревари, додека Хетафе остана 13-ти со 23 бодови исто така од 19 меча.