Атлетик спаси бод со автогол на гостинскиот голман

Во првиот дуел од 15-то коло на шпанското фудбалско првенство во петокот вечерта во Атлетико Билбао пред своите над 32.000 навивачи ремизираше 2:2 со Гранада.

Домашните во водство ги донесе Луис Гарсија веќе во 10 минута, но гостите до крајот на полувремето успеаја да направат пресврт а стрелци беа Дарвин Мачис во 25 и Хорхе Молона во 34 минута. Но во продолжението конечните 2;2 со комичен автогол ги постави голманот на Гранда Луис Максимилијано во 76 минута.

Атлетик моментално е осми со 20 бодови, но три екипи во продолжение на колото ја загрозуваат оваа позиција. Гранада, пак, е 16-та со 12 бодови, еден повеќе од зоната на испаѓање од лигата.

Во водство е Реал Мадрид со 30 бодови од 13 кола, а го следи Реал Сосиедад со бод помалку но и натпревар повеќе. Третопласирана е Севилја која има 28 бодови од исто така 13 кола.

Во сабота се играат дуелите: Алвес – Селта Виго, Валенсија – Рајо Ваљекано, Мајорка – Хетафе и Вилјареал – Барселона.

Во недела играат: Реал Бетис – Леванте, Еспањол – Реал Сосиедад, Кадиз – Атлетикот Мадрид, Реал Мадрид – Севилја, а колото ќе го затвората Осасуна и Елче.