Атлетико чекор поблиску до титулата

Атлетико Мадрид направи во средата вечерта уште еден чекор кон освојувањето на тутулата во шпанското фудбалско првенство, отако со 2:1 дома го совлада Реал Сосиедад.

Водечкиот погодок за мадридскиот тим го постигна белгискиот напаѓач Јаник Караско во 16 минута, а Анхел Кореа во 28 минута ја удвои предноста. Реал Сосиедад до крајот на дуелот успеа само да го ублажи поразот со голот на Игор Зубелдија во 83 минута.

Две кола пред крајот Атлетико има четири бодови предност пред Барселона која во вторникот одигра без победник 3:3 на гости кај Леванте, а Реал Мадрид има пет бодови помалку но има и меч помалку.

И покрај вечерашната победа од 1:0 над Валенсија, Севилја испадна од трката за титулата, бидејќи мате,атички може само да се израмни со Атлетикот кој е подобар во меѓусебните дуели.

Реал Сосиедад е петопласиран со 56 бодови и во последните две кола ќе мора да ја брани позицијата која води во Лига Европа.

Уеска оствари важна победа совалдувајќи го на свој терен Атлетик Билбао со голот на Рамирез во 61 минута. Со оваа победа Уеска со седманта годинешна победа и со 33 бодови скокна на 17-то место, со два бода повеќе и меч повеќе од Вајадолид кој во четвртокот ќе биде домаќин на Вилјареал.

Елче е претпоследен 19-ти со 30 бодови, а Еибар е последен со 29 бодови но и натпревар помалку.

Четвртата последователна победа во средата ја оствари Селта Виго благодарејќи на погодокот на Нолито во 24 минута со кој го совлада Хетафе. Селта со 50 бодови е на осмото место и само два бода ја делат од пласманот во европските натпреварувања следната сезона.

Севилја на својот стадион со голот на Ен Несри во 66 минута ја совлада Валенсија.