Атлетико го прегази Јувентус со хет-трикот на Мората (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид го прегази Јувентус во генералната проба пред стартот на новата сезона идниот викенд во Ла Лига и во Серија А, па во триумфот со 4-0 блескаше екс-фудбалерот на „старата дама“ кој се врати во црвенко-белиот дрес Алваро Мората со хет-трик.

Атлетико после само десет минути поведе преку Мората, а до крајот на вториот дел Жоао Феликс промаши пенал, но Мората го дуплираше водството две минути пред паузата, а после еден час игра, шпанскиот репрезентативен напаѓач стигна и до хет-трик. Конечните 4-0 ги постави Матеус Куња во самиот финиш од мечот.