Атлетико (М) го освои и Билбао, Меси ја спаси Барса

Саботниот дерби натпревар од 31. коло во шпанската Примера дивизион, дуелот помеѓу Атлетик (Б) и Атлетико (М) заврши со минимален но залто вреден триумф на гостинот од Мадрид.
Домаќините дојдоа во водство со погодокот на Икер Муниан, а на 1:1 израмни новопечениот репрезентативец на Шпанија, Диего Коста.
Погодокот вреден три бода и со кој Атлетико (М) се врати на лидерската позиција на табелата, беше дело на одличниот играч за врска, Коке.
Минимална победа во дуелот против градскиот ривал, тимот на Еспањол, забележаа фудбалерите на Барселона, а единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 77 минута беше дело на Лионел Меси кој успешно го изведе ударот од белата точка.
Градската пресметка на “Сантијаго Бернабеу”, помеѓу екипите на Реал (М) и Р.Валјекано, заврПи со убедлив триумф на “кралскиот клуб” од 5:0
Резултати: Еспањол – Барселона 0:1, Селта – Севилја 1:0, Атлетик Б. – Атлетико М. 1:2, Реал М. – Р.Валјекано 5:0.