Атлетико (М) лидер, Меси повторно ќе ги малтретира дефанзивците

Најинтересниот саботен натпревар од 18. коло во шпанската Примера дивизион, дуелот помеѓу екипите на Малага и Атлетико (М), заврши со минимален триумф на гостинот од 1:0.
Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 70 минута, беше дело на репрезентативецот на Шпанија, Коке, а со новите три бода, популарните “јорганџии” успеаа да се искачат на лидерската позиција на табелата.
Денеска ќе се одиграат уште четри натпревари, а во фокусот на фудбалското внимение ќе биде пресметката на “Ноу Камп”, помеѓу актуелниот бранител на тронот Барселона и новајлијата во елитното друштво, тимот на Елче.
Барса важи за апсолутен фаворит, а по подолга пауза, фудбалските фанови повторно ќе добијат шанса да уживаат во мајсторите на најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси.
Резултати: Малага – Атлетико М. 0:1, Валјадолид – Бетис 0:0, Валенсија – Леванте 2:0, Алемрија – Гранада 3:0.
Денеска на програмата: Севилја – Гетафе, Барселона – Елче, Осасуна – Еспањол, Сосиедад – Атлетик Б.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.