Атлетико Мадрид по 11-ти пат стана првак на Шпанија

Фудбалерите на Атлетико Мадрид се новите шпански прваци, откако во натпреварот од последното коло во саботата со пресврт 2:1 на гостувањето славеа кај Вајадолид, со што ја зачуваа предноста од два бода пред градскиот ривал Реал кој исто така со престврт успеа дома со 2:1 да го победи Вилјареал.

Атлетико победи со погодоците на Анхел Кореа во 57 и Луис Суарез во 67 минута, откако Вајдолид поведе уште во 18 минута преку Оскар плано.

Атлетико на крајот дојде до 86 бодови и стана недостижен за Реал. Ова е 11-та титула во Шпанија во историјата на мадридските „Јорганџии“, прва по 2014 година и втора под водство на Аргентинецот Диего Симеоне кој ги презема Атлетико во 2011 година.

Пред последното коло Атлетико имаше два бода предност пред Реал и самиот одлучуваше за својата судбина. Мечот започна лошо, но на крајот во вториот дел Атлетико успеа да направи резултатски пресврт. И мадридските „Кралеви“ на својот терен губеа од Вилјареал за кој во 20 минута стрелец беше Јереми Пино. Но во самиот финиш преку Карим Бензема во 87 и Лука Модриќ во втората минута од судиското продолжение на мечот Реал оствари водство што не беше доволно, имајќи предво дека во Вајадолид до крајот немаше ниту израмнување.

Барселона, којашто испадна од трката за титулата уште пред три кола и заврши на третата позиција со седум бодови помалку од новиот шампион, славеше на гостувањето кај Еибар со погодокот на Антоан Гризман во 81 минута.
Во другите натпревари во саботата Осасуна дома загуби од Реал Сосиедад со 0:1, Елче со 2:0 дома го совлада Атлетик Билбао, Уеска и Валенсија одиграа без голови, а Селта Виго дома беше поразена со 2:3 од Реал Бетис, доеак во петокот Леванте и Кадиз одиргаа без победник 2:2.

Во недела уште се играат дуелите Гранада – Хетафе и Севилја – Алавес.

На крајот покрај првопласираните три екупи Атлетико, Реал и Барселона, во Лигата на шампионите избори место и Севилја која е сигруно четврта и покрај еден меч помалку. Реал Сосиедад како петти и шестиот Реал Бетис се пласираа, пак, во Лига Европа. Од Примера испаднаа Вајадолид и Еибар, а Хуеска веројатно ќе игра разигрување за опстанок.