Атлетико ремизираше кај Селта

26

Во првите два натпревара од 35-то коло од шпанското фудбалскло првенство одиграни во вторникот вечерта, Атлетико Мадрид ремизираше кај Селта Виго со 1:1, додека Влансија дома со 2:1 го совлада Вилјареал.

Атлетико поведе со експресниот погодок на Алваро Мората во 51 секунда од натпреварот, но Селта израмни во 49 минута а стрелец бепе Фран Белтран. За Атлетико ова е 15-ти антпревар со нерешен резултат оваа сезона во Ла Лига.

Атлетико Мадрид и натаму е трет со 63 бодови, десет помалку од второпласираната Барселона а 14 помалку од водечкиот Реал Мадрид. Селта Виго сега е на 15-то место со 36 бодови, седум повеќе од зоната на испаѓање.

Претходно Валенсија со головите на Гомез во 30 и Ли во 89 минута го победи Вајадолид за кого стрелец беше Гарсија во 47 минута. Валенсија сега е осма на табелата со 50 бодови, а Вилјареал е петти со 54 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.