Атлетико се извади кај давеникот Елче, Реал се намачи со Осасуна

Фудбалерите на Атлетико Мадрид извојуваа минимална но значајна гостинска победа кај Елче, но градскиот ривал Реал не се откажува од борбата за титулата и со 2:0 победата над Осасуна го задржа заостанувањето од два бода на врвот.

Голот на Атлетико кој му донесе важни бодови на четири кола пред крајот на првенството го постигна Маркос Љоренте во 23 минута. Меѓутоа, истиот игач можеше да биде и трагичар на мечот но и на шампионатот откако во 90 минута играше со рака во својот шеснаесетник. За негова среќа, игачот на Елче, Фидел Чавез од пеналот ја погоди само стативата.

Реал Мадрид вложи доста напори со Осасуна чиј отпор падна дури во 76 минута, кога домашниот стопер Едер Милитао погоди со глава по изведениот корнер. Само четири минути подоцна Каземиро го удвои водството по додавањето на Карим Бензема.

Атлетико остана на врвот со 76 бодови, два повеќе од Реал, додеак Барселона има 71, а четвртата Севилја има 70 бодови. Барса во недела има тешко гостување кај Валенсија, а Севилја го пречекува Атлетик Билбао.

Елче остана претпоследен 19-ти со 30 бодови, колку што имаат и 18-от Вајадолид, како и 17-та Хуска а 16-от Алавес има 31 бод и ги држат последните две места кои гарантираат опстанок. Осасуна е 11-та со 40 бодови.

Претходно Еибар со хет-трикот на Кике кој беше прецизен во 3, 50 и 59 минута дома го победи Алавес, останувајќи последен 20-ти со 26 бодови, но задржувајќи ги теоретските шанси за опстанок со четири бодови помалку од местата кои обезбедуваат опстанок.

Хуеска на домашен терен со автоголот на Арти Елустондо во 87 минута освои три важни бодови во борбата за опстанок над Реал Сосеидад кој со 53 бодови остана на петтата позиција која води во Лига Европа.