Атлетико сигурен против Вилјареал

Атлетико Мадрид во последниот неделен натпревар од 25-то коло на шпанското фудбалско првенство со 3:1 го совлад Вилјареал на домашен терен,

Гостие поведоа во 16 минута со голот на Пако Алкасер кој погоди со прецизен удар од врвот на казнетиот простор на домашните. Во 40 минута израмни Кореа, а пресвртот го направија Коке во 65 и Жоао Феликс десет минути подоцна.

Атлетико со оваа победа се проби на третото место на табелата со 43 бодови, колку има и четвртата Севилја којашто претходно како гостин убедливо со 3:0 го совлада Хетафе директниот конкурент за пласман во Лигата на шампионите. Стрелци за Севилја беа Окампос во 43, Фернандо во 68 и Коунде во 75 минута.

Хетафе е петти со 42 бода, а Вилјареал е седма со 38 бодови. На врвот се врати Барселона со 55 бодови, два повеќе од второпласиранито Реал Мадрид.

Гостинска победа од 3:0 забележа во неделата и Гранада на гостувањето кај Осасуна, а стрелци беа Мачис во 4 и 28, и Фулкие во 41 минута. Гранада сега е деветта со 36 бодови, а Осасуна е 12-та со 31 бод.

Алавес во финишто со 2:1 го победи Атлетик Билбао, иако гостите поведоа во 17 минута, домашните од пенал израмнија во 28 мунита преку Лукас Перез, а во првата минута од судиското продолжение на мечот погоди и Ели. Алавес сега е 14-ти со 30 бодови, а Атлетик остана на 31 бод на 11-то место.

Со идентичен резултат 2:1 во интересен финиш Вајадолид го совлада Еспањол на домашен терен. Домашните го скршија отппорот на гостите во 77 минута преку Рамирез а водството го удвои Гардиола во 83 минута кога гостите тргнаа по израмнување, но успеаја само да го ублажат поразот од пенал кој го резлизраше Ембарба во третата минута од судиското продолжение.Вајадолид со оваа победа направи чекор во бегството од опасната зона и сега со 29 бодови е 15-ти, додека Еспањол останува закован на дното со 19 бодови.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.