Атлетико славеше во дербито во Сан Себастијан, Барса само до втората гостинска победа

Во дерби натпреварот на екипите од врвот на шпанското фудбалско првенство во рамките на 15-то коло, Атлетико Мадрид со 2:0 го надигра на гости во Сан Себастијан Реал Сосиедад.

Атлетико поведе од првиот удар на натпреварот во ранките на голот, а стрелец беше Марио Ермозо во 49 минута, додека конечниот резултат го постигна Маркос Љоренте во 74 минута.

Атлетико со оваа победа повторно се издвоите на врвот на Ла Лига со 32 бода, три повеќе од вторипласираниот Реал Мадрид, а Реал Сосиедад сега има шест бодови помалку со три натпревара повеќе од водечките екипи.

Барселона кај Вајадолид со многуте измени во стартната постава се претстави во многу подобро светло отколку последните неколку средби. По неколкуте нереализирани одлични шанси конечно во 21 минута за Каталонците погоди францускиот бек Клемент Лангле а водството го удвои Мартин Брејтвајт во 35 минута. Барселона можеше да слави многу поубедливо, имаше и две стативи, но во вториот дел само уште еднаш погоди и тоа преку Лионел Меси во 65 минута. Вајадолид дури во финишто на мечот изведе неколку опасни напади, а Тер Штеген со две бравурозни интервенции го спречи почесниот погодок на домаќините.

Барселона момнетално е петта на рабелата со 24 бодови од 14 кола, а Вајадолид остана во зоната на испаѓање, 18-ти е со 14 бодови.

Вилјареал и Атлетик Билбао одиграа 1:1. Баскискиот тим поведе во 19 минута со голот на Инаку Вилијамс, а Јереми Пиљо во 75 минута го донесе израмнувањето.

Вилјареал е моментално четврдопласиран со 26 бодови, а Атлетик Билбао е деветти со 18 бодови.

Севилја со погодокот на Сусо во 81 минута го освои сите три бода на гаостувањето кај Валенсија, и сега е шеста на табелата со 23 бодови од 13 кола. Валенсија, пак, се одржа засега на 13-то место со 15 бодови.

Елче и Осасуна одиграа 2:2. Гостите двапати беа во водство, преку Рубен Гарсија во 10 и Дарко Брашанац во 64 минута, но домашните израмнуваа во 46 и во 78 минута со головите на Фидел Чавез односно Гвидо Кариљо. Елче моментално е 16-то со 15 бодови, а Осасуна е претпоследна 19-та со 12 бодови.

Бодовите со 1:1 ги поделија и Уеска и Леванте. Домашните поведоа во 31 минита од пеналот што го реализираше Хавиер Онтиверос, а гостите изрманија во 53 минута преку Гонзало Мечеро. Уескоа останува последна 20-та на табелата со 12 бодови, а Леванте е 14-ти со 15 бодови.

Во среда на распоредот се натпреварите Хетафе – Селта Виго, Реал Мадрид – Гранада, Алавес – Еубар и Бетис – Кадиз.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.