Атлетико со пресврт до победа, Реал единствен му конкурира

Фудбалерите на Атлетико Мадрид со голем пресврт дојода до домашна победа над Осасуна од 2:1 и се начекор до новата тутула, прва по 2014 година, а ги дели само една победа бидејќи во последното коло влегуваат со два бода предност пред Реал Мадрид кој во неделата со 1:0 славеше на гости кај Атлетик Билбао.

На „Ванда Метрополитано“ Атлетико доживеа студен туш откако по неубедливата игра во 75 минтуа Анте Будимир постигна погодок за водство на Осасуна, од едниот од вкупно двата шута на гостите кон голот на Јан Облак. Екипата на Диеко Симеоне, сепак, во завршницата направи пресврт, откако во 82 минута бразилскиот напаѓач Ренан Лоди израмни со прецизен удар од шеснаесетникот, а во 88 минута одличното проигрување на Јаник Караско во победнички погодок го претвори Луис Суарез.

На Реал за победата кај Атлетик му беше доволен голот на Начо во 68 минтита. По голот на Будимир во Мадрид, „Кралевите“ седум минути беа на врвот на табелата.

За на крајот да дојде до тутулата, Реал мора во последното коло мора да го победи Вилјареал на својот терен и да се надева дека Атлетико нема да слави на гостувањето кај Вајадолод, каде домашните ќе се обидат да обезбедат опстанок во Примера, за што им е неопходна победа и совапаѓање со резултатите на Елце и Уеска, кои се на 17-то и 18-то место со 33 бодови, два повеќе од Вајадолид.

Елче со пресврт дојде до победата од 3:1 на гостувањето кај Кадиз и така си создаде можност со победа во последното коло на домашен терен против Атлетик да го задржи прволигашкиот статус. Кадиз поведе од пенал во 15 минута а го реализираже Жозе Мари. Во второт полувреме пресвртото во полза на Елче го направија Мила во 58, Гонзалес во 65 и Фидел во 88 минута.

Уеска беше поразена со 0:1 на гостувањето кај Бетис за кој победничкиот гол го постигна Норја Иглезиас во 57 минута. Уеска во последното коло е домаќин на Валенсија.

Со домашниот пораз од Селта Виго од 1:2 од борбата за титулата отпадна Барселона. Каталонците поведоа со голот на Лионел Меси во 28 минута, но нивинте надежи ги потопи Санти мина со погодоците во 38 и 89 минута. Претходно во 83 минута Барса остана без исклучениот Клемен Ленгле. Но на крајот се покажа дека ниту со побед Барселона немаше да ги задржи шансите во трката со Атлетико и Рел пред последното коло.

Освен борбата за тутулата и за останување во лигата, во последното коло ќе се води битка и за пласман во Лига Европа, во коај Реал Сосиедад со 59, Реал Бетис со 58 и Вилареал со 58 бодови се борат за двете места. Сите три екипи славеа во претпоследното коло, а Реал Сосиедад и Вилјареал беа многу убедливи.

Филанистот во Лига Европа со 4:0 на свој терен ја надигра Севилја, со хет-трикот на Каросло Бака против поранешниот тим, погоди во 34, 47 и 79 минута. Последнио погодок за Вилјареал го псотгна Морено.

Реал Сосиедад со 4:1 беше сигурен против Вајадолид со головите на Исак во 6 и 16, Силва во 29 и Јанузај од пенал во 35 минут, додека стрелец за гостите беше Маркос во 82 минута.

Осум натпревари од последното коло ќе се одиграат во недела 23-ти мај, а на 21-ви мај ќе биде одигран дуелот меѓу Леванте и Кадиз, кој не решава ништо.

Сите неделни дуели ќе започнат во 18 часот а се среќаваат: Реал Мадрид – Вилјареал, Вајадолид – Атлетико Мадрид, Селта Виго – Бетис, Еибар – Барселона, Елче – Атлетик Билбао, Гранада – Хетафе, Уеска – Валенсија, Осасусна – Реал Сосиедад и Севилја – Алавес.