Атлетите со Даунов синдром успешно се претставија на турнир во Белград

Атлетите од здружението за деца и младинци со Даунов синдром, „Доза среќа“, одлично се претставија на фудбалскиот турнир „Београд опен“.

Децата во главниот град на Србија заминаа и со поддршка од Фудбалската федерација на Македонија.

Девојките и момците од здружението, испратија силна порака дека овие активности даваат потврда како децата со Даунов синдром можат да даваат значајни придонеси во текот на нивниот живот, без разлика дали дејствуваат во училиште, на работа, во општеството, јавниот живот, културата или спортот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.