Аубамејанг го сруши бункерот на Ајнтрахт

Со минималната, но злато вредна победа на гостувањето во Франкфурт, фудбалерите на Борусија од Дортмунд ја исполнија зацртаната цел, палсман во полуфиналната рунда од Купот на Германија.

Единствениот погодок на натпреварот беше постигнат во 83 минута, а истиот беше дело на брзоногиот напаѓач, Пјер Емерик Аубамејанг.

Денеска ќе се одиграат преостанатите три 1/4 финални натпревари: Леверкузен – Кајзерслаутерн, Хофенхајм – Волфсбург, Хамбургер – Баерн (М).