Аудио бомба за невидени притисоци во Министерството за култура

3033

На снимката се слуша гласот на Весна Гиновска-Илкова, член на Комисијата за подготвување на скандалозната годишна програма на Министерството за култура, пренесува порталот Инфомакс.мк.

Значи јас сакам, пред мене, мојата совест да биде чиста. Али чувствував потреба да седнам и да го кажам ова. Како што исто чувствувам потреба дека така јебано се осеќам во онаа комисија (во МК), со страшни притисоци, со невидени притисоци, пошто ја не сум човек којшто одработува. Значи со страшни притисоци, јас, се уште. Фала богу едвај чекам да заврши.

Вака се носеле одлуките и вака се распределувале средствата од Буџетот на Министерството за култура за проекти од национален интерес. За потсетување, резултатите од овој конкурс, предизвикаа невиден скандал и хаос, па дури дел од нив беа поништени, за што уследија тужби од уметниците.

На пример, немаше парична поддршка од државата за Скопскиот Џез фестивал, за ОФФест, скратени беа средствата за Танец, но затоа пак се финансираа песни за УЧК и книги во кои Македонија е наречена Источна Албанија. И уште милион други вакви пародии. За сето тоа немаше никаква одговорност од министерот за култура Асаф Адеми, од националниот координатор за култура Роберт Алаѓозовски и советничката за култура на Заев, Цветанка Ласкова.

После овој аудио материјал и резултатите од конкурсот, во прашање се доведува интегритетот и кредибилитетот на лицата кои биле дел од оваа Комисија кои сега би требало на јавноста да и дадат одговори-од кого дошле тие притисоци и дали тие потклекнале на нив или пак, со чиста совест ги донеле и стојат зад своите одлуки.

Инаку, покрај тоа што, Весна Гиновска Илкова е член на Комисијата за подготвување на Годишната програма на Министерството за култура, таа и во моментов е советник на претседателот на државата Стево Пендаровски. Член е и на Советот за култура на Министерот за култура. Неодамна, преку неколку портали, беше обзнането дека Министерот кој токму таа таа го советува, донел одлука да и додели средства за најзиниот јубилеен концерт. За организација на истиот, земала 600.000 денари. Концертот, патем, не се ни одржа, ниту пак има најави-дали ќе се одржи или пак советничката на Министерот има намера овие пари да ги врати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.