12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

(АУДИО) Босанскиот коментатор полуде по победата на Хрватска, а на српскиот не му се „живееше“

Голема е разликата во следењето на натпреварите на хрватската репрезентација на Светското првенство, од коментаторите од поранешна Југославија.

Тоа најдобро се отсликува при коментарот од натпреварот меѓу Хрватска и Бразил што се одигра во петокот, а кој донесе големо изненадување. „Коцкестите“ го победија петкратниот светски првак и најголем фаворит на овој Мундијал, совладувајќи го на пенали.

Коментаторот на босанската телевизија тоа го проследи со големо задоволство и буквално уживаше во победата на своите соседи. Сосема спротивно беше расположението кај коментаторот на Арена ТВ кој како да беше казнет да го води тој меч. На аудиото што го објави хрватскиот портал Индекс дури го нема целосно неговиот коментар по израмнувачкиот гол на Петковиќ кога Србинот се изгуби можеби цела минута за потоа постојано да зборува како Хрватска имала многу среќа и од единствениот удар ја затресла мрежата на противникот.