ВИДЕО и АУДИО | Бритни Спирс се враќа со дуетот со Етлон Џон

Американската пејачка Бритни Спирс се врати во петокот на музичката сцена по шест години со објавување на нејзиниот дует со легендарната британска ѕвезда Елтон Џон.

Четириесетгодипната Спирс со хитовите како „Toxic“ и „Womanizer“, најави претходно седмицава на социјалните мрежи објавување на дуетот „Hold Me Closer“ со Елтон Џон. Всушност станува збор за обработка на неговата песна „ Tiny Dancer“ од 1971 година.

„Оки доки… мојата прва песна по шест години. Многу сум кул што пеам со еден од мажите со најмногу стил во нашето време. Ова е голема работа за мене!!!“, објави Спирс на Twitter.

Бритни Спирс се прослави уште како тинејџерка со нејзиниот прв албум „ ..Baby One More Time“ од 1998 година. По долга судска борба нејзиниот татко Џејми Спирс престана да ѝ биде старател, откако 13 години го контролираше нејзиниот приватен живот и финансиите. Таткото Спирс тврди дека единствената цел му било да ѝ помогне на ќерката да ја обнови својата кариера откако во 2007 година претрпи психички слом, како и дека секогаш постапувал во нејзин најдобар интерес.

Бритни ланскиот декември објави дека сѐ уште не е подготвена да се врати на правењето музика. Нејзиниот последен студиски албум беше „Glory“ од 2016 година.

Во најавата на „Hold Me Closer“, којашто содржи елементи и од нумерите „The One“ и „Don’t Go Breaking My Heart“, исто така, на Елтон Џон, се наведува дека двајцата пејачи првпат се сретнале во 2014-та. Една година подоцна, Бритни изјавила дека многу ѝ се допаѓа песната „Tiny Dancer“ и ја покренала идејата за соработка.

„Откако го слушна првиот фрагмент од синглот претходно летово, Елтон Џон знаеше веднаш дека препознатливиот вокал на Бритни Спирс е совршен за оживување на песната“, се наведува уште во најавата.

Елтон Џон претходно седмицава ја извел оваа песна во ресторан на југот на Франција одушевувајќи ги присутните.

„Апсолутно сум одушевен затоа што имав можност да работам со Бритни Спирс. Таа е навистина икона, една од најголемите поп-ѕвезди на сите времиња и звучи неверојатно во оваа песна. Многу ја сакам и одушевен сум од она што заедно го создадовме“, додава Елтон Џон.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elton John (@eltonjohn)