АУДИО| Нинџа раскажува што ѝ кажал на Русковска за тоа кој го организирал 27-ми април

На социјалните мрежи се појави аудио-снимка на којашто се тврди дека е снимен разговор на Александар Василевски-Нинџа, кој од обвинет стана сведок на обвинителството во случајот за безредијата во Собранието на 27-ми април 2017 година, во врска со судскиот случај и неговата изјава.

На кусата снимка, веројатно од тајно снимен телефонски разговор со Василевски, тој на соговорникот му објаснува што ѝ кажал на обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска во врска со споменатиот настан, про што споменува „радикални структури, предводени од УБК (поранешната Управа за безбедност и контроразузнавање) и (нејзиниот поранешен директор) Сашо Мијалков“, како и дека лицата кои сега се осудени биле искористени и не знаеле за организацијата

Василевски-Нинџа лани на едно од судските рочишта потврди дека соработувал со обвинителството по неговото предавање во јуни 2018 година, а одбраната на обвинеите тогаш бараше неговото сведочење да се одложи по правосилноста на пресудата од 8 години затвор против него, токму поради сомневања за нова можна „трговија“ помеѓу Нинџа и Обвинителствот, но тоа барање беше одбиено.

Василевски-Нинџа во јавноста е познат како лице со „дебело“ криминално досие, но и со историја на лажни сведочења, како и дека добивал поволности во други процеси против него откако сведочел.

Текот на сведочењето на Нинџа потврдува дека постои јасен договор меѓу него и Обвинителството за уште едно „нарачано сведочење“ поради кое ќе добие поволности во постапката против него за настаните од 27-ми април во Апелациониот суд, за пресудата од 8 години затвор која и самата посебе е 2 години под минималната. За споредба, луѓето кои според Кацарска Нинџа ги организирал и координирал добија по 12-15 години затвор.

Во конкретниот судски процес за настаните од 27-ми април Александар Василевски Нинџа даде дури четири верзии на настаните на 27-ми април 2017-та, а одбраната на сега осудените на драконските затвроски казни за наводен тероризам постојано укажуваше на дијаметралните разлики кои „Нинџа“ го зборуваше во секоја нова прилика.

Во јавноста и сусдските кулоари се зборува дека Василевски соработувал со обвинителството „по нарачка“, односно во секоја прилика го кажувал она што на Рускоска „ѝ било потребно“ да може да се држи до небулозните обвиненија и за наводен тероризам и за ткн организирање на упадот во Собранието, а чијашто цел вината да ја префрли врз целата партија ВМРО-ДПМНЕ.

flinstonovi.mp4 from Mile on Vimeo.