АУДИО | Раководството на СДСМ го елиминира Максим Димитриевски зашто имаше свои ставови

Делегати на Kонгресот од Куманово реагира затоа што градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски не беше кандидат за член на ЦО и побараа да се стави точка на дневен ред со дополнување на кандидатите.

Борис Станковски од ОО СДСМ Куманово на затворениот дел од Конгресот на СДСМ, посочи дека состојбите ескалираат во партијата и раководството го елиминира градоначалникот Максим Димитриевски од Централниот одбор.

„Дали поради тоа што градоначалникот Димитриевси имаше свои ставови и размислувања е причината поради што тој не е ставен на оваа листа на членови за на ЦО на СДСМ? Пошто нема никаква логика, како што кажав, се прават некои нелогични работи во последно време. Не е време за суети, не е време за хајки, треба сите заедно да се обединиме, да го решиме проблемот, што е како е во кого е проблемот. Во Централата ли е во Скопје, во општинската организација ли е и барам од работното претседателство да името на Максим Димитриевски го стави на листата предлог кандидати за ЦО, а до делегатите да се изјаснат дали се за или против“, вели Станковски.

Целата нeгова дискусија погледнете ја во видеото подолу: