Аугсбург ја изненади Борусија Дортмунд

Во второто коло од германсната Бундеслига во саботата фудбалерите на Аугсбург ја изненадија фаворизираната Борусија Дортмунд, победивајќи ја дома со 2:0, па имаат максимална ефект односно шест бодови.

Домашните поведоа во 40 минута од прекин, Калугиури нафрли а Фелиск Удокаи со глава ја затресе мрежата. Конечните 2:0 ги постоави Даниел Калигиури во 54 минута по испешни изведе контранапад.

Баер Леверкузен и Лајпциг одиграа 1:1, а двата гола паднаа во првите 20 минути од мечот. Гостите први дојдоа во водство со погодокот на Емил Форсберг во 14 минтуа, а израмни за домашните во 20 минута со голот на Керем Демирбеј со прекресен гол од врвот на шеснаесетникот.

Штутгарт на гости го победи Мајнц со 4:1, иако домашните поведоа уште во 13 минута со голот на Робин Квауисон. Но големиот пресврт и победата на Штутгарт ја донесоа Силас Вамангитука во 45, Даниел Дидави 61, Матео Климовиц во 89 и австрискиот интернационалец Саша Калајџиќ во 86 минута. Двата тим мечот го завршија со играч помалку, кај Мајнц во 77 минута беше исклучен Муса Нианкате, а кај Штутгарт во судиското продолжение „поцрвене“ Паскал Штенцел.

Арминија Билефелд на свој терен го совлада Келн со 1:0, а единствениот погодок го постигна фудбалерот од Фарски Острови, Јиан Едмундсон во 78 минута, постигнувајќи погодок речиси од мртов агол.

Во последниот саботен Натпревар Вердер со „хет-трикот“ на Никлас Филкруг во 22, 37 и 59 минута од пенал со 3:1 го совлада домашниот Шалке 04 за кој стрелев беше Марк Ут во третата минута од судиското продолжување, откако десет минути претходно остана без исклучениот Озан Мухамед Кабак.

Во петокот, на отворањето на второто коло Ајнтрахт од Франкфурт како госите во Берлин на совлада Херта со 3:1.