Аугсбург двапати водеше, но загуби од Баерн

Германскиот фудбалски првак минхенски Баерн го намали заостанувањето зад водечката Борусија Дортмунд на само два бода, благодарејќи на победата од 3:2 (2:2) на гостувањето кај Аугсбург во првиот натпревар од 22-то коло на Бундеслигата.

Баерн дојде до победата во Аугсбург и покрај тоа што двапати беше во резултатско заостанувње. Веќе во 13 секунда од мечот домашните поведоа по несреќната интервенција на Леон Горетцка кој ја затресе мрежата на Ноер кој по подолга пауза се врати на голот на Баерн. Во 17 минута израмни Коман со својот прв погодок на дуелот, но Џи Донг-Вонг со прекрсен удар во 23 минута му донесе нова предност на Аугсбург. Сепак, во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме Коман успеа уште еднаш да израмни. Во продолжението Алаба со погодокот во 53 минута му ги донесе трите бода на Баерн.

Второпласираниот Баерн сега има 48 бодови, два помалку од водечката Борусија Дортмунд која во понеделник му гостува на Нинберг. Аугсбург остана ана 15-ти место со 18 бодови, три повеќе од 16-от Штутгарт кој се наоѓа на местото кое води во квалификациите за опстанок во лигата.