Аугсбург го шокираше Баерн

Фудбалерите на Аугсбург пред своите навивчи со 2:1 го совладаа водечкиот минхенски Баерн, со резултатот постигнат во првото полувреме, во првиот натпревар од 12-то коло на Бундеслигата.

Аугсбург поведе во 23 минута со голот на Данецот Мадс Педерсен, а предноста на домашните ја удвои Андре Хан во 35 минута. Само три минути подоцна за Баерн погоди Роберт Левандовски.

И покрај големата надмоќ во преостанатиот тек од мечот, Баварците не успеаја да дојдат до израмнувачкиот погодок, и така го доживеаја и вториот првенствен пораз сезонава.

Баерн и покрај поразот ќе остане водечки на табелата со 28 бодови, а Борусија Дортмунд доколку триумфира во сабота дома против Штутгарт ќе може да ми се доближи на само два бода.

Аугсбур со неочекуваната победа привремено се извлече од опасната зона на испаѓањер и со 12 бодови се наоѓа на 15-то место, само два бода повеќе од Штутгарт.