Јаулески: Mладите се иселуваат поради потиснувањето на правдата и матните зделки на Заев

Младите се иселуваат од државата поради потиснувањето на правдата, поради оние матни зделки помеѓу Зоран Заев и сите оние судии и обвинители кои од ден во ден гледаме дека биле во блиска релација со врхушката на СДСМ, изјави вечерва Јован Јаулески, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ кој гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Според него, младите луѓе не може да се залажуваат со некакви приказни за Европска унија и НАТО додека пред очи им се случува криминал кој што СДСМ бара да се премолчи и да не се понесе одговорност.

Тој потенцираше дека Унијата на млади сили е најголемиот политички подмладок во Република Македонија и воедно едно големо семејство чија цел е работење за подобра иднина на младите во Република Македонија.

Во однос на пратеничките листи кои во моментов се актуелни, Јаулески истакна дека пратеничките листи ќе бидат изложени пред јавноста некаде околу 10-ти март, иако се уште течат внатрепартиските анкети и мерења за кредибилитетот на одредени кандидати кои се потенцијални пратеници.

Исто така Јаулески истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која отсекогаш давала шанса на младите луѓе кои имаат визија и енергија во придонесувањето за Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која ги поддржува сите партиски структури, но мора да се каже дека во изминатите години бевме сведоци дека носители на важни државни функции беа луѓе токму произлезени од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа покажува дека Унијата на млади сили е непресушен извор на стручни кадри, изјави Јаулески.