Avengers Endgame

Културолошки феномен на нашето време кој ги сруши сите рекорди

Супер спектаклот на 10-годишната сага Марвел која започна со Ајрон Мен во 2008 завршува со Avengers Endgame спектакуларно – и во статистичка смисла.

Продукциските трошоци за овој филм Endgame беа 350 милиони долари плус 150 милиони за маркетинг ширум светот. Слична сума беше потрошена и за минатогодишниот INFINITY WAR!

Budget Avengers: Infinity War $316–400 million Avengers: Endgame $356 million

Резултатите од првиот викенд се просто зашаметувачки. Дури и најпристрасните предвидувања не очекуваа ваков развој и олкава посетеност. Се чини, викендов цел свет беше во кино. Имано досегашниоте бројки, заклучно со 28 април покажуваат дека филмот има заработено преку милијарда и двеста интернационално.

Културолошки феномен на нашето време – Бенедикт Кумбербач

Срушен е и надминат рекордот на домашниот бокс офис во САД и Канада, каде досега собрал преку 350 милиони долари, што ниту еден филм не го направил, ниту му успеало. А, како стојат работите уште долго и нема да се случи.

Следно е што првиот ден од премиерата само во светот имаше 866 милиони од карти купени на билетара, да се разбереме за кои и кави суми говориме. Сево ова што го читате е купена поединечна карта од билетара, се друго не се ни пресметува, само купена карта! Инаку, земја во светот каде беше најголема навалница беше Кина каде за три дена собра 217 милиони долари.

Филмот ги сруши скоро сите рекорди досега, а црвениот тепих од премиерата на кој се појавија сите актери од скоро сите 22 филма е погледан одошто доделувањето на Оскарите.

Згора, да нема забуна, филмот е оценет со највисоки оценки и кај критиката и кај публиката, така што и оние кои имаат поистенчен вкус се согласуваат дека се работи за виртузоно дело, мајсторски направено, во секоја смисла.

Можеме до утре да ве бомбардираме со статистики затоа што како никогаш досега се прецизни и детални, па затоа еве ви и линк, еден од покорисните каде без многу непотребен текст ги читате и можете да споредите со се’ друго досега. Во овие денови се испишува филмска историја.

Филмот е навистина долг, трае преку три часа и ако во наши кина постои огромен интерес можеме само да замислиме каква е „јагмата“ во светот. Уште поневеројатна е дисциплината и респектот на фановите кон франшизата каде најголемиот дел од оние кои го гледале се воздржуваат од спојери – издавање клучни информации за настаните во филмот, за да не ви го расипат уживањето што е скоро и без преседан досега.

Секако дека има наоколу, но повеќето одбегнуваат да го расипуваат уживањето на другите, покрај другото и пред се поведени и од писмото на режисерите – браќата Русо, кои пред премиерата објавија јавно повик до сите кои ќе го гледаат филмот да не кажуваат за настаните во него, ги замолија да не ги коментираат деталите од филмот јавно и на социјалните мрежи за да не им го расипат уживањето на другите. И ги испочитуваа! За нас зачудувачки, пучени од инатот и злобата кои знаат да кружат по форуми, ФБ, Твитер, прилично стана ИН да си коректен и да бидеш на линија на уметникот и уметниците – шо би рекле – „анбиливибл“.

А ние? Ние си купивме лопата и врба, ископавме дупка, се изнавикавме во неа, ја посадивме врбата и кој ќе направи свирче од врбата ќе му го отпее цел филм како на дудуче.

Дури и да не ги сакате стрип-јунаците и филмовите за нив, оваа франшиза и овој филм се културолошки феномен, едноставно заради општа култура не би смееле да го игнорирате. Ако некогаш филмот направи огромна промена со Матрикс – денес ова е овој филм кој ќе обликува многу во оваа област утре од многу повеќе аспекти, а пред се  – од успешноста.

Битлси не беа мојот најомилен бенд, далеку од тоа, но им ги знам скоро сите песни, им имам гледано нивни концерти (двд, јутјуб, тв), преслушано скоро сите албуми, затоа што нивната појава е клучна за целата современа поп музика денес, оттаму настанаа големите промени, ете една блага споредба за ваквите феномени.

СОВЕТИ

Филмот трае три часа  – спремете се психофизички. Инаку пребрзо минуваат толку е многу интензивен, ама бабулето не знае за тоа.

Има копиљаана која сега им е некаков чаленџ кога ќе излезат од друга проекција да влезат на некоја актуелна се извикаат нешто што ќе ви расипе гледањето – како дали некој и кој ќе умре во филмот. Предупредете ги вработените да внимаваат на вратите. Инаку дури и од публика има издеравање, затоа бидете брзи на рефлекси раце на уши – немам што друго да советувам.

Глејте го со друштво и после седнете обавезно некаде и препраскажете си ги сите моменти. Немате појма колку многу финти не сте забележиле, а ќе ви го дополнат впечатокот веднаш по гледањето на здравје гледање, уживајте и рачунајте барем на уште една проекција.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес