Авганистан ќе ослободи околу 10.000 затвореници поради пандемијата

12

Авганистан ќе ослободи најмалку 10.000 затвореници на возраст над 55 години, жени и затвореници со нарушено здравје во обид да го спречи ширењето на коронавирусот, соопштија официјални лица.

– Претседателот издаде указ дека неколку илјади затвореници наскоро ќе бидат ослободени заради коронавирусот, изјави официјален претставник во Кабинетот на претседателот Ашраф Гани.

Според шефот на затворите во таа држава Рашед Тотакали, меѓу 9.000 и 10.000 затвореници ќе бидат ослободени во следните 10 денови.

Во таа одлука не се вклучени членови на исламистичките екстремистички групи на талибанците или на ИД.

Во Авганистан досега се пријавени 84 случаи на Ковид-19, и два смртни случаи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.