Авганистан: САД официјално го започнаа повлекувањето од својата најдолга војна

Соединетите држави на 1-ви мај, во саботата, во започнаа повлекувањето на своите трупи од Авганистан, со што започаа приведување кон крај на својата најдолга војна во историјата, но најавуваат неизвесна иднина за оваа земја притисната од талибаните.

Американските офицери и функционери на теренот велат дека повлекувањето всушност веќе започнало претходно, но дека 1-ви мај се смета како официјален датум. Датумот за повлекувањето беше договорен во мандатот на поранешниот претседател Доналд Трамп по повеќето рунди преговори со политичките претставници на радикалното исламистичко движење Талибан во катарската престолнина Доха, но како датум за целосно повлекување. Меѓутоа, неговиот наследник во Белата куќа, Џо Бајден, овој датум го одреди како почеток на повлекувањето коешто би требало да заврши до 11-ти септември, точно на 20-годишнината од терористичките напади врз САД кои беа и директниот повод за инванзијата.

На небото над авганистанската престолнина Кабул и блиската воена база во Баграм во саботата се слушаа звуците од повеќето американски хеликоптерски летови повеќе од вообичаенот, бидејќи повлекувањето забрзува. Во четвртокот започнаа со повлекувањето и трупите на НАТО.

Веќе е изгледен крајот на дваесетгодишната американска воена присутност, и покрај борбите кои се водат во ситуација кога сѐ уште не е постигнат мировниот договор меѓу владата во Кабул и талибаните. Во експлозија во автомобил-бомба во петокот во Пул-е-Алем, јужно од главниот град, уби најмалку 30 лица, а повредени се стотици.

Американскиот претседател Бајден е решителен во намерата да ја заврши „вечната војна“, односно да го доврши планот на својот претходник Трамп. Претходно во април најави дека преостанатите 2.500 американски војници ќе се повлечат до 20-годишнината од нападите во Њујорк и Вашингтон на 11-ти септември. „Ужасниот напад пред 20 години… не може да објасни зашто би останале таму и во 2021 година“, рече Бајден,

Од постигнувањето на американскиот договор за повлекување, талибаните директно не се судираа со странските војници, но бунтовниците немилосрдно ги напаѓаат владините сили во руралните области и изведуваат терористички напади во урбаните области. Оттаму повлекувањето на американските сили само го зголемува стравот меѓу Авганистанците.

„Сите стравуваат од тоа дека може да се вратиме во мрачните денови на талибанската ера. Талибаните и натаму се исти, не се променија. САД требаа да ја продлабочат својата присутност за најмалку една или две години“, оценува за AFP, Мена Новрози од приватна радио-станица во Кабул.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани инсистира на тоа дека владините сили, коишто со месеци ги водеа повеќето од копнените борби против талибаните, е „потполно способни“ да ја контролираат територијата од бунтовниците. Додаде дека повлекувањето, исто така, значи дека талибаните немаат причина за борба. „Кого убивате? Што уништувате? Вашиот изговор за борба со странците сега е завршен“, рече Гани во обраќањето во седмицата пред почетокот на американското повлекување.

Меѓутоа, многу геополитички аналитичари стравуваат од развој на најлошото можно сценарио. Генералот Мајк Мили, началник на Здружениот штаб на американските сили, не ја отфрла можноста до целосен хаос во Авганистан.

„Во најлошиот случај имате потенцијален колапс на владата, потенцијален колапс на војската. Имате граѓанска војна и цела хуманитарна катастрофа којашто со тоа доаѓа“, изјави армискиот генерал Мили во седмицата пред почетокот на повлекувањето на трупите.

Претставниците на авганистанските безбедносни сили од Кандахар, кој се смета за еден од најсилните бастиони на талибанските бунтовници, порачуваат дека се подготвени на сите можни сценарија. Ветуваат дека ќе решително ќе се справуваат на евентуалните борбени активности на талибаните.

Меѓународната воена инвазија врз Авганистан предводена од САД и НАТО започна во октомври 2001 година, по нападите од 11-ти септември. Беше реакција на тоа што тогашната талибанска влада во Кабул го толерираше оперирањето на терористичката мрежа Ал Каеда на авганистанската територија, каде се наоѓаше и нејзиниот подоцна ликвидиран во Пакистан водач Осама бин Ладен. Со договорот од Доха, е наведено дека талибаните се обврзуваат дека нема да даваат поддршка и логистика, како и дека авганистанската територија нема да се користи за планирање напади врз интересите на САД и нивните сојузници.

Две децении подоцна, по загинувањата на речиси 2.400 Американци и десетици илјади Авганистанци, претседателот Бајден вели дека конечното повлекување е оправдано, бидејќи американските сили се погрижиле оваа земја повторно да не се претвори во база за странските џихадисти и заговори против Западот.

Но, исто така, постојат стравувања дека талибаните би можеле да ги нападната американските сили во повлекувањето. Во јужната покраина Кандахар, каде што се одвиваа најжестоките судири меѓу двете страни, според безбедносните извори оваа област е преплавена со експлозивни направи кои ги подметнале бунтовниците.

Ендрју Воткинс од Меѓународната крзна група (ICG), вели дека следните месеци авганистанскиот ќе стане чисто локален конфликт. „САД и НАТО партнери се повелкуваат и им даваат на двете примарни страни во овој судир…. нивна прва можноста за борбна и процена на своите противниците без дополнителниот фактот САД“, оценува Воткинс.