Авганистански медиуми: Заробен еден од водачите на ИД

Безбедносните сили во Авганистан заробиле еден од водачите на ИД – Зија ул Хак, познат и како Абу Омар Хорасани, јави авганистанската телевизија „1 ТВ“.

Според соопштение на авганистанското Министерство за внатрешни работи, во заедничката специјална операција во област источно од главниот град Кабул, уапсен бил еден од клучните водачи на ИД, кој ги водел единиците во Јужна Азија и Далечниот исток.

Заедно со него, уапсени се уште двајца командири од терористичката група.