Авганистанскиот претседател ѝ порача на војската да се подготви за офанзивно дејствување

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани изјави во вторникот дека ѝ наредил на војската да се подготви за преземање офанзивни операции, по неколкуте напади во земјата во кои во вторникот загинаа над 40 цивили.

„За да ја осигуриме заштитата на јавните простори и за да ги прекинеме нападите и заканите од талибаните и другите терористички групи, им наредува на авганистанските безбедносни сили да се префрлат од активна одбранбена позиција во офанзивна за да ги започнат своите операции против непријателите“, изјави Гани во телевизиското обраќање.

Авганистанскиот претседател говорот го одржа по денот во кој воорежени мажи убија повеќе од 40 цивили во три одвоени напади.

Во родилиште во болница во главниот град Кабул загинаа 16 луѓе, меѓу кои и новородени бебиња и мајки, како и медицински сестри. Повредени се повеќе од сто луѓе.

Неколку часа подоцна загинаа најмалку 24 лица а уште 68 се ранети во самоубиствен бомбашки напад во текот на погребот на полициски командант во покраината Нангахар, соопштија локалните власти.

Во третиот инцидент се случи во западната покраина Фатаг, каде што деца се нашле во вкрстен оган.

Талибаните ги отфрлија обвинувањата дека се вмешани во ови е напади.

Нападите се случија во моментог кога Авганистан се соочува со многубројни предизвици, меѓу кои и со јакнењето на талибанската офанзива против владините сили, како и ширењето на заразата со коронавирусот.