Авијацијата на САД вклучена во напад во Иран, според медиумите

Во синоќешниот напад со беспилотни летала врз воен објект во градот Исхафан, 440 километри јужно од иранската престолнина Техеран била вклучена воената авијација на САД, објави во неделата регионалниот телевизиски канал Al Arabiya повикувајќи се на свои извори според кои целта бил магацин со балистички ракети.

„Иран претходно доби пораки дека нема да бидат дозволени објекти за производство на балистичките проектили“, додале неименуваните соговорници на телевизијата.

Според иранската новинска агенција IRNA, складиштето за муниција во Исхафан ноќта кон неделата било нападнато со мини дронови. Едно од беспилотните летала било соборено од противвоздушните системи, додека другите две биле пресретнати и детонирани од воените единици. Магацинот претрпел помали оштетувања и нема извештаи за настрадани или загинати, според истиот извор.

Во западните медиуми и на социјалните медиуми се појавија бројни извештаи за наводни експлозии и во другите ирански градови како Алборз, Хамадан и Керџ, како и дека во главниот град Техеран е објавена тревога за воздушен напад.

Во написот на агенцијата IRNA станува збор за лажни објави и се обвинува смртниот непријател Израел за систематски медиумски напад со цел да се сее паника меѓу Иранците со цел да се предизвика дестабилизација ситуацијата во земјата.

Истовремено во саботата ноќта имаше експлозија во фабрика за масло во градот Азаршарх, а северозападната покраината Западен Азербејцан во близина на границата со Турција беше погодена од силен земјотрес со магнитуда од 5,9 според Рихтеровата скала во кој потврдени се три смртни случаи и близу илјада лица со разни степени на повреди.

Во десетици градови оштетени се згради, особено во градот Коу, но потресите биле почувствувани и во другите региони. Минатата седмица најмалку 120 лица беа повредени во друг земјотрес, кој го погоди северозападот на земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.