Авион на „Ер Индија експрес“ се расцепи на два дела, загинаа најмалку двајца патници

Патнички авион на „Ер Индија експрес“ кој летал од Дубаи, со најмалку 191 лица, доживел несреќа при слетувањето на аеродромот „Кожикоде“ во Керала. Откако ја промашил пистата, авионот се расцепил на два дела.

Во несреќата загинале најмалку две лица, а повеќемина се повредени.

Катастрофата се случила во услови на обилни врнежи од дожд.