Авион принудно слетал во Австрија откако патник одбивал да излезе од тоалет

Авион со 134 патници и членови на екипажот кој летал на релација Цирих – Ларнака принудно слетал на аеродром во Австрија откако патник се заклучил во тоалетот и одбивал да излезе.

Педесетгодишен Русин кратко по полетувањето влегол во тоалетот и одбивал да излезе, па пилотот од безбедносни причини одлучил да го приземји авионот на аеродромот во Грац, соопштила граничната полиција додавајќи оти патникот соработувал и го напуштил тоалетот по непланираното слетување.

На барање на пилотот патникот бил отстранет од авионот, а потоа бил на распит во полициска станица.

Официјалните лица се уште се во недоумница зошто мажот останал толку долго во тоалетот бидејќи за време на претресот на неговиот багаж не биле најдени никакви опасни предмети, ниту пак биде регистрирани оштетувања во тоалетот.

На прашање на полицијата зошто се забарикадирал во авионски тоалет, патникот се бранел со молчење.