Авион се излизга од писта во река на Флорида

95

Патнички авион од типот „Boeing 737“, по слетувањето на аеродром во американската сојузна држава Флорида, излетал од пистата и паднал во блиската река, но нема натсрадани, пренесуваат во саботата медиумите.

Според вестите на американските медиуми, авионот од типот „Boeing 737“ чиишто верзии со ознаките „МAX“ во последниот период беа актуелни поради несреќите кои се случија во Индонезија и Етиопија, излетал од писта во Флорида.

Авионот полетал од заливот Гвантанамо во Куба, а во него патувале 136 патници. Откако слетал на аеродромот во Џексонвил, авионот излетал од пистата и паднал во реката Сент Џон. Во извештаите се наведува дека во инцидентот немало жртви , додека двaeсет лица се здобиле со полесни повреди и биле превентивно пренесени на болнички прегледи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.