Авион со вакцини исчезнал над национален парк во БиХ, во тек е голема потрага

Авион кој превезувал вакцини за животни, исчезнал над Националниот парк Козара во БИХ, јавуваат локалните медиуми, пренесува ТВ 21.

Во авионот имало две лица, и во моментов трае голема потрага. Авионот не слетал во предвиденото време. Со пилотот е изгубен контакт во близина на градот Омарска.

Активиран бил уредот кој испраќа сигнал при евентуална несреќа. Медиумите јавуваат дека во изминатите неколку дена временските услови над Националниот парк биле лоши.

Авионот од типот „Пајпер 28“ полетал во 14:10 часот од Бања Лука.