Авион удри во станбена зграда во Боливија – има мртви  

Авион на боливиското воено воздухопловство денеска удри во станбена зграда, пренесуваат светските медиуми.

Според „Спутник“, најмалку едно лице е убиено, а две се повредени. Жртвите живееле во таа куќа, а засега не е познато што се случило со пилотот.