Авионот на Пенс итно приземјен по судар со птица

Авионот на американскиот потпретседател Мајк Пенс „Air Force Two“, поради проблеми со моторот, били принуден во вторникот да се врати на аеродромот Манчестер во Њу Хемпшир, известија медиумите.

Локалната телевизиска станица WMUR и глобалната телевизиска мрежа CNN известија дека веројатно удар на птица веднаш по полетувањето на авионот била причината за итното приземјување „како мерка на претпазливост“. Леталото веднаш е подложено на испитување на стручњаци за безбедност во воздухопловниот сообраќај, а Пенс и неговите соработници во Вашингтон со друг авион.

„Пилотите решија да се вратат на аеродромот од кој штотуку полета авионот од претпазливост“, потврдил Девин О’Мали, портпарол на Пенс.

Потпретедателот Пенс во Њу Хемпшир учествуваше на собори во кампањата за изборите на 3-ти ноември кога повторно е кандидат на републиканците за истата должноста со претседателот Доналд Трамп.

Ова инаку не е првиот инцидент поврзан со авионот со кој се превезувал Пенс во изборен период. Во октомври 2016 година, авионот на кампањата на Пенс се изизлга од пистата на њујоршкиот аеродром „ЛаГвардија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.